
Eден од петте темели на исламската вера е постот на месец Рамазан. Постот е најдобар начин за надминување на страста и е најдобар едукатор на верниците, вели имамот Северџан, од џамијата Биљал Хамиши, во Шутка.
Тој додава дека најдобро пророкот Мухамед с.а.в.с. преку неколку примери опиша што е пост. Пророкот, Мухамед с.а.в.с рече: „Навистина најдобра работа е постот“ . Така, исламскиот пост не значи глад, односно треба да се воздржи од јадење, пиење и сексуален однос.
Муслиманите треба да се откажат од: Грд и избезумен говор и подигање на гласот. „Постот не е повлекување од храна и пијалок, постот е повлекување од безвреден и бесрамен говор“.
Пророкот с.а.в.с вели : „Кој ќе пости Рамазан, знаејќи ги неговите ограничувања, и да се придржува на она што треба, ќе му се простат гревовите направени пред Рамазан“.
Исто така, Мухамед с.а.в.с вели: "Постот е штит, и кога еден од вас е постач, нека нема сексуален контакт со неговата сопруга“. Пекамберот с.а.в.с. додава „Кој не се откажува од лажење, Аллах нема потреба од неговато напуштање на храна и пијалоци."
Шадан Исмаил, организатор на давање бесплатен ифтар на тие кои што постат, вели дека наградата за тој што ќе му даде на некого ифтар (јадење), е како да си ослободил некој роб.
Хаџи Мухарем Фејзула вели дека е задоволен од тоа како Ромите и муслиманите си помагаат меѓусебно за време на месецот Рамазан. Ромите велат дека немаат некоја потешкотија за време на постот иако времето е топло и има над 40 степени.
Исмаил вели дека целта на постот не само да се пости еден месец, туку муслиманите треба да извлечат поука и да се добри цела година. Аллах во следните стихови вели што е целта на постот: „О верници, постот е пропишан за вас, како што е пропишана за оние пред вас, да бидат претпазливи." (Ел-Baqarah, 183).
Projekat kofinansira Evropska Unija u okviru IPA 2009: Instrument za civilno drustvo--regionalni programi.